Македонија
24. October 2017 - 15:20

Груевски денеска во Демир Капија, Градско, Росоман и Кавадарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе оствари низа настани при што ќе ги посети жителите од неколку населени места.
 
Во 15 часот Груевски ќе ја посети Општина Демир Капија, а потоа населените места Градско и Росоман.
 
 
Како што најавуваат од партијата, во 19:30 тој ќе оствари посета на населба Ваташа, Општина Кавадарци, а потоа ќе оствари  средба со жителите во урбаните заедници Ќиро Крстев и Љубаш, Општина Кавадарци.