Македонија
1. April 2021 - 8:44

Груевски: Честитки за фудбалерите, стрелците, селекторот и неговиот стручен тим

- Честитки за победата на македонските фудбалери против Германија на гостински терен. Импонира победа во гости против повеќекратен светски и европски првак во фудбал, кој во светски рамки е познат по крајно посветена и квалитетна игра до последната секунда од секој натпревар. Но повеќе од резултатот импресионира подобрата игра во тој дуел на македонските репрезентативци. Таа игра е гаранција дека ќе има и многу други успеси на овој тим. Честитки за фудбалерите, стрелците, селекторот и неговата стратегија и целиот стручниот тим. Честитки и за сите кои учествувале во изградбата на овие фудбалери од нивните најрани клубови и тренери па натаму и сите од фудбалската академија имајќи во обзир дека костурот на тимот се дел од првата генерација на фудбалската академија. Сите тие имаат причина да бидат горди со овие успеси. Но и сите граѓани на Македонија и дијаспората.

Ова е честитката од поранешниот премиер Никола Груевски до македонските фудбалери кои ја совладаа Германија на гостински терен.

 

Честитки за победата на македонските фудбалери против Германија на гостински терен. Импонира победа во гости против...

Posted by Nikola Gruevski on Среда, 31 март 2021