Груевски: Апсења за дефокусирање од рекетот, криминалот, неработењето и предавствата на власта

Со статус на фејсбук повторно се огласи почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во кој тој зборува за наводни понуди за спогодби, кои ги добивале поранешни функционери на партијата како Миле Јанакиески натаму осудени за 27-ми април но и самиот тој.
Азилантот Груевски во фејсбук статусот ја велича нивната цврстина и морал.
- Настрана што дел од нив јавно ме критикуваа, тие покажаа неверојатна цврстина, висок морал и силен интегритет бидејќи под многу уцени, закани, притисоци, изживувања кои се уште траат, закани по нивното здравје и живот, уништување на нивните семејства, неприфатија валкани непристојни понуди за кои нашироко се зборува, со цел од нив да изнудат лажни изјави за други луѓе неправедно да се обвинат, а за возврат тие да добијат олеснување. Таква тортура со истовремено такви понуди можат да издржат само вистински патриоти – идеалисти. Тоа е за почит, напиша меѓу другото Груевски во денешниот статус на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
