-->
-->
Груевски: 40-те нови проекти помагаат и се од корист за младите луѓе
-->

Во своето гостување во дневникот на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборуваше за проектите наменети за младите лица кои ги најави во новата програма на владејачката партија, кои ќе се најдат во новата програма.
-Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, потенцираше тој.
Новите 40 мерки наменети за младите лица, додаде Груевски, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
