Груби за Сител: ДУИ бараше уривање на објектот пред Мавровка

Првиот вице премиер Артан Груби вели дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било пред изборно барање на ДУИ. Тој во гостувањето на дневникот на Сител порача дека мора да владее правдата.
- Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда, рече Груби.
Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, тој вели дека по таква една логика треба да започнат со партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
-Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ке видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Амам многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите, рече Груби во гостувањето на Сител.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
