Трамп најави дека Куба е „следна“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба е следна“, посочувајќи ги како пример неодамнешните воени акции на САД во Венецуела и Иран.
За време на форумот во Флорида, Трамп не прецизираше какви дејствија планира, но нагласи дека владата во Хавана е пред колапс поради тешката економска криза.
-Ја создадов оваа голема армија. Реков дека никогаш нема да мора да ја користите, но понекогаш мора. И, патем, Куба е следна - изјави Трамп, додавајќи подоцна низ шега „преправајте се дека не сум го кажал тоа“.
Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел призна дека Хавана веќе преговара со Вашингтон за да спречи потенцијална воена конфронтација.
Економијата на Куба е сериозно погодена од недостигот на нафта, откако новата влада во Каракас, под притисок на САД, го прекина снабдувањето по соборувањето на Николас Мадуро во јануари. Трамп претходно, кон крајот на февруари, изјави дека размислува за „пријателско преземање“ на Куба.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
