Груби: Настанот беше изненадување за Ахмети, протоколите беа почитувани
Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во изјава за „А1он“ тврди дека функционерите од ДУИ ги почитувале протоколите при прославата на роденденот на партискиот лидер Али Ахмети во новите објекти на Министерството.
-Протоколите првествено ги почитуваме за наше лично здравје и за нашите семејства како и за граѓаните, тврди Груби.
Сепак, на фотографијата која ја објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а подоцна и ја избриша од Фејсбук се гледа дека 15-те функционери ниту носат маски, ниту одржуваат дистанца и се седнати еден до друг.
Груби вели дека настанот бил мало изненадување за Ахмети.
-Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка слика при мало изненадување што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство, истакнал Груби.
Случајно или не, на истиот ден Министерството за политички систем се всели во новите простории во зградата на ПУИГ. Таму освен Министерството ќе се сместат и други институции од значење за соживотот, како што се Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање на културата на припадниците на заедниците и Националниот албански Ансамбл. Груби вчера на социјалните мрежи објави фотографии од мебелот и од просториите на зградата пишувајќи „Нашиот нов дом“.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло