Груби: На правдата нарачана по телефон и е дојден крајот
Првиот заменик премиер на владата, Артан Груби најави дека како министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, нема да дозволи различна правда за граѓаните и политичарите.
- Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните вклучувајќи ја и неселективната првда преку ветинг. Не може да постои една правда за едниот, а друга правда за другиот. Не може да постои ниту пак една правда за граѓаните, а друга правда за политичарите. На правдата нарачана на телефон и дојден крајот, изјави Груби на прес конференцијата.
Тој ја негираше информацијата дека имал физичка пресметка со Драги Рашковски.
- Уште од првиот ден на мојот избор, цел сум на произведување лажни вести за да се внесе раздор меѓу коалиционите партнери но и да внесат недоверба кај јавноста. Нема да успеат во тоа оти одлично функционираме и работиме по принципот една влада за сите, изјави Груби.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата