Груби до Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ има многу членови кои влегоа како „голтари“ а излегоа милионери
Има многу членови во ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа како „голтари“, а излегоа како милионери од политиката, рече првиот вицепремиер Артан Груби при гостување на ТВ21, еден ден после изјавата на Мицкоски дека во политика денес политичари влегуваат како „голтари“, а излегуваат како милионери. Според Груби, ДУИ е единствена партија која нема корупциски афери и скандали.
- Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителство ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“ а излегоа милионери од политиката“, рече Груби.
Тој претходно рече дека не го познава доволно Мицкоски, но изрази надеж дека тој е за членство во ЕУ.
- Нас ни треба опозиција која не се среќава со рускиот амбасадор. Без разлика што Апасиев се сретна со него, но сепак сакам да верувам дека ВМРО не се во коалиција со Левица. Сакам да верувам дека опозицијата е ориентирана кон западните вредности. Не го познавам од ова ВМРО ДПМНЕ, не го познавам доволно добро Мицкоски и не знам какви вредности споделува Мицкоски, но сакам да верувам дека споделуваме исти вредности, додаде Груби.
Мицкоски претходно истакна дека во државава имаме политичари што голтари влегуваат во политика, а излегуваат милионери и милијардери, кои после тоа отвораат дури и фондации.
Ново на Сител
-
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“
-
Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд
-
Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани
-
Кривична за градоначалникот на Крива Паланка, дозволил поставување урбана опрема на угостителски објект без да се исполнат условите
-
Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
-
Од што боледува Бајден, кои се неговите опции за лекување?
-
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
-
Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан