Груби: Благодарам на пратениците кои денеска гласаа за поевтина и побрза изградба на коридорите
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска го поздрави усвојувањето на измените на законите со кои се овозможува побрза и поевтина изградба на коридорите 8 и 10Д.
Груби, како што соопшти Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, им се заблагодари на пратениците кои со својот глас денеска се построија на правилната страна и не дозволија продолжување на злонамерната тенденција на оние кои за ниски политички поени не штедеа зборови и дела за да ја блокираат реализацијата на најважната инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата.
Тој во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук го повтори изразот „Пушката топ нека им стане, но ова не застанува“ што, како што додава, ја изразува посветеноста на Владата за да ги реализира коридорите кои се пат кон нов хоризонт на економски развој на земјата, и покрај сите опструкции и дезинформации што се шират во јавноста.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април