ГРОМ: ДИК да го објави ажурираниот Избирачки список од 1 март
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) денеска ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да одговори зошто во јавноста е пуштен Избирачки список од 1 декември 2015 година и каде е ажурираниот список од 1 јануари, 1 февруари и од 1 март.
- Исполнете ја својата законска обврска и објавете го ажурираниот избирачки список од 1 март, за јавноста сама да ги воочи вашите манипулации, рече на прес-конференција генералниот секретар на Граѓанската опција за Македонија Виктор Цветковски.
Според изборниот законик донесен на 10 ноември 2015 година, појасни Цвтековски, член 41 единствено надлежен за избирачкиот список е ДИК. - Според член 31, точка 28 Д, истиот законик, ДИК е должна еднаш месечно да го ажурира избирачкиот список. ГРОМ ја прашува ДИК - Зошто во јавноста пушти избирачки список од 1 декември 2015 година? Каде е ажурираниот избирачки список од 1 јануари, 1 февруари и од 1 март? Зошто ДИК ја манипулира јавноста, рече Цветковски.
Пред секои избори, укажа Цветковски, политичките партии и плаќаат на ДИК по 150 илјади денари и го добиваат комплетниот избирачки список со цел, како што рече, да направат сопствена теренска проверка на своето членство, симпатизери, како и на останатото гласачко тело и доколку има забелешки и нелогичности, во законски утврден рок ги доставува до ДИК. Таквите забелешки ДИК ги проверува, и потоа, пречистениот избирачки список е списокот со кој се оди на избори и врз основа на него граѓаните гласаат, појасни Цветковски.
Тој праша „како е можно СДСМ во 2008, 2009, 2011, 2013 и во 2014 година, односно во пет изборни циклуси да не ги воочи аномалиите и да оди на избори“.
Ново на Сител
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина