Гроф и грофица вампири: Се сечат и си ја пијат крвта еден на друг за време на секс
Фетиш моделот Леа (20) и читачот на тарот карти Тим (31) се од Остин, Тексас и се запознале на вампирскиот фестивал, а нивната страсна, мрачна конекција која веднаш се воспоставила, наскоро прераснала во врска во која си ја пијат крвта.
Тие себеси се нарекуваат грофот и грофицата од Ван Дорн и според сопствените изјави, тие се големи љубители на чудесни работи во кревет - како на пример сечење и пиење на крвта на другиот, во најразлични пози и начини "бидејќи таа сензација е многу подобра и посилна и од самиот секс", велат тие.
Леа и Тим редовно еден со друг се сечат со скалпер и сипуваат од својата крв во пехари, а потоа ја пијат, додека во интимните моменти ја цицаат крвта на другиот сечејки му мали резови.
"Kога пијам од крвта на Леа чувството е подобро од самиот секс бидејќи во нејзината крв ја чувствувам енергијата на животот, есенцијата на човечкото суштество кое влегува во мене преку крвта. Тогаш ја запознавам Леа на еден сосема поинаков начин, кој не може да се опише со зборови", го објаснува Тим неговиот поглед на нивните сексуални односи.
"Јас всушност повеќе сакам да пијам крв отколку да имам секс. Кога ја пијам есенцијата на човечкиот живот за мене тоа чувство е подобро од било каков секс", потврди Леа.
Како што објасниле за Daily Mail, тие редовно го практикуваат сексот во кој истовремено се сечат и си ја цицаат крвта бидејќи за време на сексот крвта побрзо циркулира.
"Јас сум бледа и не поднесувам сонце така што длабоко во себе чувствував дека сум вампир. Штом го здогледав Тим знаев дека тој е мојот маж и веднаш се почувствувавме", раскажува Леа.
Многу ретко прифаќаат други партнери, но кога ова ќе се случи, тие секогаш мораат да видат резултати дека крвта им е незаразена за да можат да бидат сигурни, со оглед на тоа дека и самите редовно се проверуваат.
За уште повеќе да личат на вампири дури трајно си вградиле долги заби, а направиле и сопствен олтар и соба за "ритуали", а својата идна свадба ја планираат во истата тематика.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
