Македонија
4. November 2016 - 12:41

Грк и Германка повредени во тешка сообраќајка кај Рафинерија

На автопатот „Александар Македонски“, во близина на рафинеријата „ОКТА“, завчера околу 12.00 часот се случила сообраќајна незгода во која Х.К. од Р.Грција, управувајќи патничко моторно возило „Ланд Ровер“ со германски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во бетонските огради поставени на коловозната лента и се превртел неколку пати, по што застанал.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.М. (31) од Берлин, СР Германија, а со телесни повреди се здобил возачот Х.К.
 
Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Скопје и, по укажаната лекарска помош, Л.Ј.М. е пуштена на домашно лекување, а Х.К. е задржан на понатамошно лекување.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.