Грипот најактивен во Кавадарци и Ресен
Во текот на седмата недела од 2024 година, од 12 до 18 февруари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.384 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип. Тоа претставува 26,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со седмата недела од минатата сезона, е зголемен за 1,7 пати, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
- Заболените се пријавени од 30 ЦЈЗ/ПЕ, во Кавадарци - 302, Струмица - 177, Скопје - 151, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на сто. Во девет извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во пет средна, во Дебар, Крушево и Кратово - висока и во Кавадарци и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице се на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.
Во сезоната 2023 - 2024, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 11.921, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 10,0 проценти.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип.
Заклучно со седма недела, во државата вакцинирани се вкупно 61.702 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
Ново на Сител
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска