Фудбал
12. January 2025 - 8:48

Грилиш постигна гол по 392 дена

Пласман во четвртото коло од ФА Купот вчера обезбеди и Манчестер Сити.

Тимот на Пеп Гвардиола беше убедлив против Салфорд, откако славеа со 8:0 (3:0) против клубот на Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Ники Бат.

Грилиш погоди од пенал за 4:0. Тоа е прв гол на повремениот англиски репрезентативец за Манчестер Сити (во кое било натпреварување) од 16 декември 2023 година, кога постигна гол против Кристал Палас. Поминаа точно 392 дена!

Манчестер Сити постигна осум или повеќе голови на еден натпревар од ФА Купот за прв пат по 92 години. Џејмс Мекети, од друга страна, е првиот Англичанец кој постигна „хет-трик“ во ФА Купот за Сити по Роби Фаулер во 2006 година.