Македонија
1. August 2016 - 16:28

Грците пред одлука за повлекување од Олимпијадата во Рио - Лути поради кратенката МКД

Македонија настапува под уставно име на Олимписките Игри во Бразил. На официјалниот сајт на Рио 2016, во листата на земји учеснички, организаторот го навел уставното име на државата и покрај тоа што Македонија во Светскиот Олимписки Комитет е примена под привремената референца БЈРМ.

Одлуката на Бразилците ја разбесни грчката јавност. Грчките медиуми го повикуваат претседателот на грчкиот олимписки комитет Исидорос Кувелос да реагира за да се врати референцата ФИРОМ. Во спротивно дел од коментарите одат дотаму што се бара и повлекување на Грција од Олимписките Игри. Со реакција излезе и грчкиот министер за надворешни работи Винизелос кој во изјава за грчката телевизија Антена го повика претседателот на олимискиот компитет под итно да издесјтвува враќање на референцата БЈРМ.

Покрај листата, Грците се бесни и затоа што во неколку статии на официјалниот сајт на олимписките игри во РИО се користи терминот Македонија наместо ФИРОМ.

Бразил ја признава Република Македонија под уставно име, според коментарите, тоа е причината зошто на Олимписките игри за нас се употребува терминот Македонија. Според познавачите треба да се види дали бразилците ќе одат чекор понатаму па на свеченото отварање до кое преостануваат уште 4 дена, државата исто така да биде насловена со нејзиното уставно име што би било прв пат откако Македонија настапува на олимписките игри.

Македонската олимписка делегација е веже во Бразил. На оваа олимпијада Македонија ќе биде претставена од 6 спортисти.