Балкан
21. December 2020 - 10:27

Грција воведе седумдневен карантин за патниците од Велика Британија

– Од 6 часот утрово, за сите патници кои во Грција ќе пристигнат од Велика Британија задолжителен е домашен карантин од седум дена, соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен карантинот, како и за сите патници во Грција, задолжителен е и негативен ПЦР тест, а по пристигнувањето се вршат и рапид тестови.

Од Секретаријатот за цивилна заштита додаваат дека Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција денеска ќе одржи состанок на кој ќе се оценат епидемиолошките податоци и доколку е потребно ќе донесат нови препораки.

Во Грција, од петокот во сила е одлуката за  сите оние кои пристигнуваат за новогодишните и божиќните празници, освен тестовите, задолжително да бидат во тридневен домашен карантин.