Грција во годините на криза загубила 50 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата
Грција за време на неколкуте кризни години загубила инвестиции во однос на инфраструктурата во износ од 50 милијарди евра, покажуваат резултатите од истражувањето цитирано од грчкиот весник „Имерисија“.
Податоците од истражувањето покажуваат дека во периодот на кризата во Грција биле реализирани многу малку инвестиции во инфраструктурата. Во 2006 година тие сочинувале 3,7 отсто од БДП-то на земјата, а во 2015 година само 1,1 отсто, додека загубите на годишна основа изнесувале 5,7 милијарди евра.
Најзасегната од длабоката рецесија и буџетските ограничувања во Грција е токму инфраструктурата, поради што од 2009 година до сега во овој сегмент има намалување на работните места за 53 отсто.
Бројот на планирани и нереализирани инфраструктурни проекти во годините на кризата значително нараснал, а нивната вредност до 2022 година ќе изнесува 20,7 милијарди евра.
Од вкупно 78 проекти, што допрва треба да бидат реализирани во следните шест години, 39 се однесуваат на патишта, пристаништа и аеродроми, 15 се поврзани со енергетскиот сектор, 12 со железничката мрежа и 12 со водоснабдувањето и управувањето со отпадните води.
Повеќето од инфраструктурните проекти што се во тек се забавени, затоа што доцни нивното финансирање и вложување.
Ново на Сител
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата