Грциja се залага за имплементација на спогодбата за мигрантите меѓу ЕУ и Турција
Со сите сили ќе се бориме за реализација на спогодбата меѓу Европската Унија и Турција за мигрантите, изјави грчкиот министер за миграција Јанис Музалас во интервју за ЕРТ.
Музалас предупреди на можноста Грција да се најде во тешка ситуација доколку договорот не успее. Тој призна дека поради бавната реализација на договорот, грчките острови се повеќе се трупаат со мигранти, а тоа создава тешкотии.
- Финансиската помош, што ЕУ одлучи да и ја даде на Грција, треба да биде доставена директно, а не преку Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Бројот на вратени мигранти во Турција треба да е поголем од сегашниот. Грција,заедно со ЕУ, во моментов ги разгледува прифатните центри и структури што се предвидени да бидат изградени за мигрантите во континенталниот дел на земјата, појасни грчкиот министер.
Според податоците со кои тој располага, бројот на имигранти на грчка територија во моментов изнесува 54.000.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024