Грција се подготвува за посетата на Ердоган
Членови на обезбедувањето на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган од денеска се во Атина, за да се координираат со претставници на грчката полиција и да ги одредат безбедносните мерки за претстојната посета на шефот на турската држава на Грција.
Според грчките медиуми, втората група на безбедносни агенти од Турција, доаѓа утре во Атина и ќе ги „чешла“ улиците по кои ќе помине Ердоган.
Грчкиот главен град в четврток и петок, за кога и е закажана посетата на турскиот претседател на Атина, ќе биде под драконски безбедносни мерки. Се очекува, освен обезбедувањето и полицајците кои ќе стигнат од Анкара, да бидат ангажирани и околу 5.000 грчки полицајци.
Безбедносните мерки ќе бидат речиси идентични со оние при посетата на поранешниот американски претседател Барак Обама и шефот на руската држава Владимир Путин на Атина.
Освен полицијата, и грчкиот државен врв се подготвува за посетата на Ердоган, која е прва на еден турски претседател на Грција по 65 години.
- На покана на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе оствари официјална посета на Грција на 7 и 8 месецов. За време на посетата ќе се разговара за билатерални и регионални теми. соопшти кабинетот на грчкиот претседател.
Павлопулос, говорејќи од Серес, на само неколку дена пред пристигнувањето на Ердоган, испрати порака дека Турција мора да го почитува Лозанскиот договор и меѓународното право.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, пак, за „Етнос“, коментирајќи ја посетата на Ердоган, рече дека една таа колку и да е важна, не може автоматски да ги реши проблемите, но може да придонесе да се зајакне позитивната перспектива во односите меѓу двете земји.
Според грчките медиуми, билатералните односи, проблемот со бегалците и мигрантите, безбедноста и стабилноста во поширокиот регион, случувањата во регионот, односите ЕУ-Турција и економската соработка ќе бидат темите за кои турскиот претседател ќе разговара со неговите домаќини во Грција.
Програмата за посетата на Ердоган сѐ уште не е официјално соопштена, а не е исклучена можноста од Атина тој да замине за Западна Тракија, каде што ќе оствари средби со претставници на локалните муслимани кои Турција ги нарекува „турско“, а Грција „муслиманско малцинство“.
Џелал Бајар беше последниот турски претседател што ја посети Грција во 1952 година, а 65 години подцна, на 7 и 8 декември, во период на зголемена нетрпеливост меѓу Атина и Анкара, во грчкиот главен град доаѓа Ердоган.
Ново на Сител
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер
-
Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет