Грција се подготвува за невремето „Петар“, пораки со предупредување до жителите на три региони

Порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови, поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради невремето што ќе донесе обилни врнежи на дожд, висока фреквенција на молњи и град, министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас синоќа свика вонреден состанок „со цел да постои најголема можна координација на сите надлежни органи“.
Кикиљас истакнал дека „целиот механизам на цивилната заштита е во состојба на готовност“ за да може да се преземат неопходните превентивни мерки, но и веднаш да има справување со евентуалните проблеми поради опасните временски појави.
На состанокот било одлучено доколку биде потребно да се активира бројот 112 со предупредувачки пораки до одредени области во зависност од текот на невремето.
Претпладнево, ваква предупредувачка порака добија оние кои се во областите Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови во западниот дел на Грција и од нив беше побарано да ги ограничат непотребните движења и да ги следат упатствата од властите.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата пораснаа по изјавата на Трамп дека Кина ќе купува американска нафта
-

Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел, Иран никогаш послаб
-

Во Собранието настан посветен на животот и делото на претседателот Борис Трајковски
-

Делови од Автокоманда, Влае, Кисела Вода и Трубарево денеска без вода
-

Трамп и Шји се договориле Кина да не испраќа воена опрема во Иран
-

Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 21 лице
-

Оперативец на ЦИА сведочеше во Сенатот: Фаучи ги замајуваше разузнавачите за да не се открие вистината за Ковид 19
-

Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер
