-->
-->
Грција: Повеќе од 200.000 животни угинаа по бурата Даниел
-->
Повеќе од 200. 000 мртви животни се пријавени во Грчката организација за земјоделско осигурување (ЕЛГА) во Тесалија, централна Грција, изјави министерот за рурален развој и храна, Лефтерис Авгенакис.
Зборувајќи од Центарот за координација на кризи во Лариса, Авгенакис рече дека досега се пријавени за угинати 61. 786 овци и кози, 19. 355 свињи, 5. 306 говеда и 123. 810 птици.
Како што јави Екатимерини, според Авгенакис, тешко се пристапува до сточарските единици, поради што има проблеми во собирањето и справувањето со угинатите животни.
Авгенакис изјави дека „справувањето со прашања во врска со јавното здравје е одговорност на сите нас“, охрабрувајќи ги поединците да преземат мерки за да се обидат да ги избегнат здравствените опасности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата