-->
-->
Грција почнува нови преговори со кредиторите
-->
Владата на Грција од денеска започнува нов круг преговори со меѓународните кредитори, за добивање на следната транша од 2,8 милијарди евра во рамките на планираната финансиска помош.
Изворите велат дека властите ги очекува нова битка со Брисел и дека почетокот на сето тоа е денеска, кога ќе се случи првата средба на министерот за финансии Евклидис Цакалотос со економски тим во европската престолнина, како подготовка на состанокот на Еврогрупата на 9 септември.
Планирани се и други средби, на коишто ќе бидат отворени горливите прашања за кои допрва треба да биде постигната согласност, за да се стигне до деблокада на наредната транша од 2,8 милијарди евра од третиот пакет.
Цакалотос денеска ќе се сретне со еврокомисарот Пиер Московиси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст