-->
-->
Грција оствари примарен буџетски суфицит од 3,5 милијарди евра за седум месеци
-->

Грција оствари примарен буџетски суфицит во висина од 3,5 милијарди евра за првите седум месеци од годинава.
Цитирајќи податоци на Министерството за финансии, „Катимерини“ информира дека буџетскиот суфицит ја надминува првично поставената цел од 2,7 милијарди евра. Вишокот се должи на намалените трошоци, а се уште недостасуваат приходи во буџетот.
Приходите во државниот буџет на Грција во јули изнесувале 5.031 милијарди евра што е помалку за 755 милиони, според поставената цел.
Од јануари до јули буџетските расходи изнесувале 28,8 милијарди евра, што е помалку за 3,2 милијарди, од поставената цел од 32,1 милијарди евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
