Грција очекува до недела да има исчекор во преговорите со кредиторите
Грција очекува до крајот на оваа недела да се постигне исчекор во преговорите со нејзините кредитори, со што ќе се овозможи доделувањето на следната транша од кредитите за земјата, јавија грчките медиуми.
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Џанакопулос, за грчката државна телевизија оцени дека е можен исчекор до крајот на неделата, а според него останува да се постигне согласност единствено по серија технички детали, пренесоа американските медиуми.
- Одлучивме да отвориме седум-осум теми и останаа само неколку од нив, што во целина е можно како преговарачки теми да се завршат до недела и да се постигне спогодба, изјави овој владин извор, цитиран од грчкиот весник Њуз.ин, по завршувањето на средбата на ресорните министри со шефот на меѓународните кредитни институции.
Џанакопулос додаде дека на средбата биле разгледувани прашања поврзани со приватизацијата, финансиите и работното законодавство.
Според него, денеска се очекува двете страни да разгледаат четири работни текста, така што до крајот на неделата би требало да заврши договарањето на мерките, што кредиторите ги бараат, а кои се услов за доделување на следната транша од кредитите за Грција.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија