Грција ја обвини Македонија за „произволно филтрирање“ на мигранти и бегалци
„Произволно филтрирање“ на мигранти и бегалци кои се обидуваат да влезат во Европа е спротивно на принципите на Европската унија, изјавил грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Тоскас за АФП.
Грчките медиуми ја пренесуваат оваа изјава на Тоскас која „главно се однесува на ситуацијата во Идомени“ на границата меѓу Грција и Македонија каде „стотици мигранти од Ирак, Сомалија, Пакистан и Бангладеш веќе една недела се блокирани бидејќи Скопје на своја територија пушта само државјани на Сирија, Ирак и Авганистан“.
- Своеволни дејствија на одредени земји, изградба на огради кои го попречуваат движењето на овие луѓе, не е во согласност со принципите на Европа. Не можеме да ги спречиме луѓето кои во тешки услови пристигнуваат по море до грчките острови, рекол Тоскас.
Според грчкиот министер, прашањето треба да се третира поинаку, со решавање на проблемите во земјите во близина на воените зони, кои предизвикуваат миграциски текови. Тој ја повика ЕУ да одлучи кој може да доаѓа во Европа, истакнувајќи дека е против „затворање на границите“.
Тоскас нагласил дека Грција не може да ги прими сите бегалци, вклучувајќи ги и оние кои не доаѓаат од конфликтните зони.
- Се согласувам да се вратат мигрантите во земјите кои не се во војна, но прво треба да се склучи договор со тие земји, изјавил грчкиот заменик министер за цивилна заштита.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите