Грција и Турција ги зајакнуваат билатералните односи

Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција ќе заседава во Солун во февруари следната година, јавија грчките медиуми.
Ова одлука била донесена на средбата меѓу грчкиот и турскиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и Мевљут Чавушоглу, при посетата на шефот на грчката дипломатија на Анкара.
- Во овој период на нестабилност за нас е од големо значење да ги држиме отворени каналите за комуникација меѓу двете земји, изјави Коѕиас додавајќи дека Грција и Турција имаат различен, но и „позитивен дневен ред“.
Тој истакна дека Грција силно ја поддржува демократијата и го осуди обидот за преврат во Турција на 15 јули минатата година.
Осврнувајќи се на процесот за пристап на Турција кон Европската унија, Коѕиас рече дека Грција ќе има повеќе корист од една Турција која ќе биде членка на ЕУ.
- Веруваме и го сакаме тоа, истакна шефот на грчката дипломатија и додде дека по ова прашање не смее да има двојни стандарди.
Чавушоглу од своја страна и заблагодари на Грција за нејзината искрена поддршка во однос на членството на Анкара во ЕУ.
Во разговорите двајцата министри дискутирале и за прашањата на малцинствата. Коѕиас зборувал за подобро функционирање на муслиманското малцинство во Западна Тракија и за присуството на грчкото малцинство на островите Имброс и Тенедос, но и во Истанбул.
Шефот на турската дипломатија подоцна го критикуваше грчкиот колега затоа што зборувал за „муслиманско малцинство“, а не за турско малцинство како што го нарекува Турција.
- Ние ја прифативме формулацијата грчко малцинство, а зошто тие да не ја прифатат формулацијата турско малцинство, праша Чавушоглу.
Тој исто така, рече дека Анкара не сака Грција да се претвори во „прибежиште“ за организаторите на обидот за преврат на Турција во јули минатата година, напоменувајќи дека 995 лица поднеле барања за азил во земјата по спречениот пуч.
Коѕиас одговори дека одлуките по барањата за азил ги носи грчкото правосудство и тие треба да се почитуваат.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
-

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет
-

11 лица приведени, а двајца завршиле во болница по групна тепачка во Шуто Оризари
-

ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош
