Грција и Македонија почнаа да добиваат гас преку Турски тек

– Русија започна да испраќа гас во Бугарија, Грција и Македонија преку новиот гасовод „Турски тек“, објави Булгартрансгаз, наведувајќи дека ова е начин за намалување на снабдувањето преку Украина.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Русија го гради Турски тек и работи на двојно зголемување на капацитетот на гасоводот „Северен поток“, со кој преку Балтичкото Море испраќа гас до Германија, како дел од плановите за заобиколување на Украина кон европскиот пазар.
-Испораките на руски гас не само за нас, туку и за Грција и Македонија одат преку нова влезна точка (на нашата граница со Турција), изјави директорот на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за бугарското национално радио БНР.
Рускиот „Гаспром“ на 1 јануари започна да испраќа околу 3 милијарди кубни метри гас до Бугарија преку Турски тек, заменувајќи ја поранешната рута преку Украина и Романија, пренесува Ројтерс.
Минатата година „Гаспром“ испорача околу 3 милијарди кубни метри гас за Грција и околу 500.000 милиони гас во Македонија.
Малинов рече дека Трансбалканскиот гасовод сега не работи, но додаде дека може да се искористи за испраќање на гас во Романија, Молдавија и Украина доколку побарувачката се зголеми.
Русија го гради Турскиот тек со два цевководи, секој со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, пренесува Танјуг.
Првиот цевковод е наменет за Турција, а вториот ќе оди понатаму, од Бугарија до Србија и Унгарија.
Бугарија се надева дека ќе може да започне со испорака на гас за Србија до мај и планира да ја изгради целата делница до крајот на годинава.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
