Грција и испрати 20.000 вакцини АстраЗенека на Албанија
Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини АстраЗенека, соопштија преку социјалните мрежи од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни“.
На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија