Грција го одобри барањето за азил на 800 бегалци од островот Лезбос

Грчките власти дадоа азил на 800 бегалци од островот Лезбос, и покрај договорот на ЕУ со Анкара, според кој луѓето треба да бидат вратени во Турција, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара за мигрантите, на оние кои пристигнале на грчките острови до 20 март може да им биде откажано барањето за азил и да бидат вратени во Турција, бидејќи таа се смета за безбедна земја и таму треба да станат кандидати за азил.
- Но многу судови во Грција, кои ги разгледуваат барањата за азил, не ја сметаат Турција за безбедна трета земја, во која кандидатите за азил можат да бидат вратени, наведува „Катимерини“.
Голем дел од нив, кои сакаат да останат во Грција, се болни, малолетни, мајки со деца или имаат роднини кои живеат во земјите во ЕУ.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
