Грција ги набави вакцините и за подваријантите БА 4/5 на Омикрон
Ажурираните вакцини против Ковид-19, кои заштитуваат од подваријантите БА 4/5 на мутацијата Омикрон, пристигнаа во Грција, а попладнево ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација и ќе се користат само како прва или втора дополнителна доза односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина.
Пред две седмици започна имунизацијата со вакцините наменети за сојот Омикрон и како што и беше најавено дополнително пристигнаа и новите вакцини, а планирано е, како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вакцинацијата да започне в понеделник.
Приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми.
Станува збор за мРНА вакцини кои се користат како прва или втора дополнителна доза, односно трета и четврта доза и треба да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19.
Ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
