Грци на божикен шопинг во Гевгелија

Голем број грчки државјани на последниот ден пред прославата на Божик ја посетија Гевгелија. Уште од раните претпладневни часови тие почнаа да пристигнуваат со автомобили и автобуси и ги преплавија маркетите, бутиците, кафулињата, бензинските пумпи и пазарот каде денеска ги имаше повеќе од локалните жители.
Повеќето доаѓаа од пограничните места, но имаше и од Солун, Килкис, Едеса, Лариса и од Атина. Како што велат, дошле во Гевгелија да се снабдат со потребните намирници што ќе ги изнесат вечер на Бадниковата трпеза, но и да купат по некој подарок за најблиските.
- Гевгелија ја запознав пред две години кога доаѓав на забар. Градот и луѓето многу ми се допаднаа. Живеам во Јаница и ја користам секоја прилика да дојдам да пазарувам и да се напијам кафе во убавите кафулиња. Денеска од пазар купив ореви, лешници и бадеми кои се многу поефтини од кај нас, рече Јоргос Стефанидис.
Лица Димитриу од Гуменџа вели дека многу често доаѓа во Гевгелија. Не оти е блиску, како што вели, туку оти во овој период од годината пазарот е богато снабден и многу е поефтин. За парите што ги трошам на пазарот во Гевгелија, кај нас не можам да купам три килограми лешници, рече Лица.
На заминување кон дома редици од грчки автомобили се создаваат на бензинските пумпи.
- Тука точам дизел за помалку од евро за литар, што кај нас не може да се замисли. Еднаш неделно доаѓам од Солун да го наполнам резервоарот. Заштедата од триесетина евра не е мала, рече Андонис Јоанидис.
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
