-->
-->
Грчкото МНР со критики до Орбан
-->
Извор од грчкото Министерство за надворешни работи ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини Грција за бегалската криза и ситуацијата на српско-унгарската граница.
- Никој не би очекувал такво однесување од шефот на една европска држава која од прва рака знае што значи наметнување на надворешна сила, криза и бегање, кога по советската инвазија во 1956 година унгарски политички бегалци тргнаа масовно кон Западна Европа, изјавил извор од грчкото МНР за државната агенција АНА МПА.
- Се прашувам, дали лидерот на оваа пријателска земја ја води кон патот на дефинирање на принципите на обединета Европа, како што се почитување на човековите права, плурализмот и солидарноста, рекол истиот извор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана