Грчките земјоделци и денеска ќе протестираат во Атина
Грчките земјоделци за денеска најавија нов протест, по синоќешниот масовен собир во Атина против владините планови за реформи во социјалната заштита, пензиското осигурување и оданочувањето.
Полицијата соопшти дека на синоќешните протести учествувале околу 10.000 луѓе. Земјоделците со трактори и автобуси вчера дојдоа во Атина од различни градови низ целата земја.
За денеска се очекува во Атина да пристигнат уште повеќе земјоделци од блокадите во северниот дел на земјата, и велат дека имаат намера да останат во главниот град најмалку уште еден ден.
Претходно, Координативниот комитет на земјоделците за патните блокади соопшти дека во наредните денови ќе ги зајакне блокадите, истакнувајќи дека нема да се повлечат се додека не ги постигнат своите цели.
- Нема да се вратиме со празни раце, изјави еден од членовите на Комитетот Ризос Марудас, додавајќи дека предуслов за земјоделците да се вратат на преговарачка маса е Владата да го повлече нацрт-законот за социјална заштита.
Атмосферата на синоќешниот протест беше многу подобра од претходно, кога претпладнето земјоделците од Крит се судрија со полицијата во обид да влезат во Министерството за земјоделство. Демонстрантите на плоштадот Синтагма синоќа беа многу расположени, пееја, играа и извикуваа разни слогани и покрај лошото време и дождот. Како што претходно јави МИА, неколку десетици земјоделци поставија и шатори на Синтагма со што ја искажаа својата намера да кампуваат во центарот на градот цел викенд.
Затекната од масовноста на синоќешниот протест, грчката Влада го повтори повикот до земјоделците да седнат на преговарачка маса.
Министерот за труд Јоргос Катругалос упати нов апел до земјоделците да седнат и да разговараат за нивните забелешки за зголемување на придонесите и даноците за социјално осигурување. Тој рече дека двете страни мора да се „видат една со друга во очи“.
Ново на Сител
-
Поплави ширум Црна Гора
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили