Грчките земјоделци блокираат камиони на Меџитлија, сообраќајот за автомобили се одвива регуларно
Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА, земјоделците од северозападна Грција блокадата ја најавија за периодот од 12 до 16 часот по локално, односно од 11 до 15 часот по македонско време, а кусо по почетокот на блокадата автомобилите поминуваа без проблеми, иако сообраќајот бил со намален интензитет во споредба со претходните денови.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања.
Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.
Освен блокадата на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, засега не се најавени блокади на другите гранични премини кон соседните земји на Грција.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката