Грчките власти предупредуваат за нов миграциски бран на македонско-грчката граница
Три месеци по евакуацијата на илјадниците бегалци и мигранти од импровизираниот бегалски камп на македонско-грчката граница, грчките власти соопштија дека повтроно е забележено зголемување на обидите за нелегално преминување на границата кон Македонија, пишува весникот „Катимерини“.
-Тие одат со воз до селото Муриес и се обидуват да ја преминат границата низ шумите и по брегот на Дојранското Езеро, додека други се обидуваат да ја преминат границата преку селото Хамило во близина на Идомени, изјави за „Катимерини“ полициски претставник.
Грчките власти стравуваат дека соопштенијата за успешно минување на границата може да предизвикаат масовно напуштање на бегалските кампови.
Околу 60.000 мигранти останаа во Грција, откако соседните земји ги затворија границите за бегалците кон почетокот на годинава.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза