Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун

Грчките власти не им дозволиле влез на албанските новинарски екипи кои требало да ја следат утрешната средба на премиерот Еди Рама со албанската дијаспора во Солун.
– Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура.
Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.
Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.
– Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица “Ренеа”, кои заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.
Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
