Грчките медиуми за средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц
„Скопско прашање: Името повторно на маса“; „Двоен состанок на Коѕијас и Димитров со Нимиц во сенка на Илинден“; „Уште една шанса за решение на скопското прашање“; „Средба Димитров-Коѕијас: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за денешната средба во Њујорк на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција со специјалниот претставник на ОН.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција, без многу детално да анализираат или да коментираат, акцентот го ставаат на тоа дека грчката страна го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“, бара да се најде договор за име од предлозите на Нимиц, но и дека новата средба повторно е од клучно значење.
- Ова ќе биде прва средба на претставниците на двете земји, од минатиот четврток и разговорите што во Софија ги имаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, по краткиот и веројатно несреќен курс, што го имаше името „Илинденска Македонија“, пишува весникот „Катимерини“ и коментира дека „очигледно проблемот е во ерга омнес и неможноста на двете страни да стигнат до име што ќе го задоволи овој услов“.
Со четити имиња на маса, ќе започне средбата Коѕијас-Димитров-Нимиц, бидејќи Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“. Потребно е да се најде сложено име што ќе „помине“ и во двете земји, пишува порталот „Њуз247“.
Информативниот портал „Ајефимерида“, повикувајќи се на грчки владини извори, пишува дека Атина е воздржана.
- Од околината на премиерот постои сликата дека „пред да се даде предлогот за Илинден, бевме блиску до договор“. Во оваа клима, само случајно не е изјавата на Алексис Ципрас дека „и покрај напредокот, имаме уште важен пат да се помине, за да имаме договор“, пишува грчкиот портал.
Никола Димитров, Никос Коѕијас и Метју Нимиц ќе одржат трилатерална средба во седиштето на ОН во Њујорк во 10.30 часот по локално, односно 16.30 часот по македонско време.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци