Грчките медиуми за првиот случај на коронависрус во Македонија
Првиот регистриран случај со коронавирус во Македонија беше соопштен само неколку часа откако Министерството за здравство на Грција информираше дека и кај јужниот сосед е откриен и потврден првиот случај на Ковид-19, што резултираше грчките медиуми, поконкретно само онлајн изданија да ја пренесат веста за заразената македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.
-Прв потврден случај на коронавирусот во Македонија”; „Една 50-годишна жена е првиот случај на коронавирусот во Скопје”; „Ковид-19: Прв случај во Скопје”; „Коронавирусот зема замав во Европа – прв случај во С.Македонија”; „Коронавирус: Прв случај во Македонија – жена која се вратила од Италија”; „ Македонија: жена, првиот случај на коронавирус”; „Коронавирус: Вирусот стигна и во Македонија”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно го објавуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА.
Пренесена е изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, како и информацијата дека 50-годишната жена, со комбе се вратила од Италија.
Во синоќешните централни изданија на вестите на телевизиите во Грција фокусот беше ставен на двете главни теми што вчера беа актуелни кај јужниот сосед: првиот случај на коронавирусот во Солун и ситуацијата на Лезбос и Хиос, каде што имаше сериозни инциденти меѓу полицијата и локалното население.
Ново на Сител
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици