-->
-->
Грчките медиуми за мерките на македонската влада за коронавирусот
-->
„Коронавирус – Македонија: Се затвораат училишта и Универзитети“; „Затворени училишта во Никозија и Македонија“; „Коронавирус: Се затвораат сите училишта и Универзитети и во Македонија“; „ Македонија: На две седмици се затвораат сите училишта и Универзитети поради коронавирусот“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на владата за да се спречи ширењето на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Онлајн изданијата на медиумите во Грција го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој се објаснети владините мерки.
-Во Македонија, до сега, се потврдени седум случаи на коронавирусот. Четири од седум се жители на Македонија кои со коронавирусот се заразиле додека биле на патување во северна Италија во изминатиот период, а другите три случаи се нивни роднини со кои биле во контакт, по враќањето во земјата. Пациентите се хоспитализирани во болница во Скопје со лесни симптоми, пишува АНА-МПА.
-Коронавирус и во Македонија, каде што владата одлучи – речиси во исто време со Грција и Кипар, затворање на две седмици на сите градинки, училишта и Универзитети како превентивна мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус, пишува информативниот портал „Њузит“.
Само неколку часа откако македонскиот министер за здравство ги соопшти владините мерки и одлуката за затворање на градинките, училиштата и Универзитетите, и министерот за здравство на Грција излезе со истата мерка – затворање на 14 дена на сите образовни институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни