Грчките медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име
„Северна Македонија: Новата Влада положи заклетва под уставното име откако доби доверба од Собранието“; „Мицкоски: Го карактеризираше „срамен“ терминот „Северна“ во уставното име на неговата земја“; Северна Македонија: Изгласана доверба од Собранието за новата Влада на Мицкоски“; „Владата на Мицкоски доби доверба – Заклетва со уставното име на земјата“, се дел од насловите на текстовите во грчките медиуми за синоќешното гласање на новата Влада кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите во Грција акцентот го ставаат на тоа кое име го користеше новиот премиер, како за време на заклетвата, така и во неговиот говор во Собранието, а во главно, пренесен е текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА.
АНА-МПА пишува дека Владата беше изгласана со 77 гласа за и 22 против, а на свечената заклетва што следеше, „и Христијан Мицкоски и министрите од новата Влада положија заклетва согласно уставното име на земјата Република Северна Македонија“, а во продолжение го пренесува целиот текст од заклетвата, прочитан од претседателот на Собранието и повторен од премиерот и министрите.
-Христијан Мицкоски, во неговото обраќање, кусо пред гласањето доверба на неговата Влада, оправдувајќи го својот избор да положи заклетва како премиер на Северна Македонија, ја карактеризираше како „срамна“ одредницата „Северна“ во уставното име на неговата земја, но која, како што рече, сега е дел од правниот систем на земјата и со која, како што додаде, „ќе направи компромис“, пишува грчката новинска агенција.
Грчките медиуми во изминатиот период детално и будно ги следат случувањата кај нас, а речиси секогаш во фокусот е употребата на уставното име.
Во саботата, како што веќе објави МИА, во текстовите за почетокот на собраниската седница за доверба на Владата и говорот на Мицкоски, пишуваа дека новиот премиер „трипати ја нарече неговата земја „Македонија“, коментирајќи дека е „нова провокација“.
Ново на Сител
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација