Грчкиот заменик-министер за транспорт смета дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам

Цврстата позиција дека Независни Грци не можат да прифатат име што ќе го содржи терминот Македонија, уште еднаш беше изразен од член на партијата -коалиционен партнер во владата.
Овој пат, од заменикот-министер за транспорт, Никос Мавраганис, кој говорејќи утрово за државната телевизија ЕРТ, јавува дописникот на МИА од Атина, рече дека во преамбулата на македонскиот Устав има иредентизам и тоа е главната причина зошто не го прифаќа терминот Македонија.
Мавраганис е член на владата од редовите на Независни Грци.
- Ова не е опсесија или радикална позиција и однесување, туку е затоа што државата на Скопје, го поставува ова барање за да има такво име, токму затоа што во преамбулата на нивниот устав, предвидува дека треба да се создаде една поширока македонска држава и се стреми кон одбрана на наводната македонска националност. Ако ова не беше во нивниот устав, ако беа отстранети овие иредентистички стремежи, тогаш поразлично ќе ги гледавме работите. Но тоа не е отстрането. И затоа остануваме на тоа дека во никој случај не може да се користи терминот Македонија во какво било сложено име, па дури и да биде ерга омнес, рече заменикот министер за транспорт, во интервјуто за ЕРТ, пренесува МИА.
На прашањето од новинарката дали се согласува со позицијата на Коѕијас за сложено име со терминот Македонија, Мавраганис, кусо одговара дека сложено име за севкупна употреба би можело и да не го содржи терминот Македонија.
За попладневните часови, јави дописникот на МИА од Атина, закажан е состанок националниот совет на Независни Грци, на кој ќе се обрати претседателот на партијата Панос Каменос.
Заменик-министерот за транспорт, за ЕРТ рече дека советот ќе ја ратификува позицијата за името, но лично тој, смета дека она што го објасни во интервјуто за државната телевизија ги изразува и позициите на членовите на партијата и на самиот лидер, Каменос.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
