Грчкиот премиер планира посета на Турција поради бегалската криза
Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира официјална посета на Турција поради бегалската криза, пишува атинскиот весник „Вима“.
- Во рамки на визијата на Владата дека Грција може да се претвори во клучна земмја од Европската унија, доколку ефикасно се соочи со големиот бегалски бран кон Европа, премиерот Ципрас планира повеќе активности, објави весникот.
Според „Вима“ Ципрас признал дека одлуките за ситуацијата не доаѓаат само од Европа и оти Турција има голема улога во оваа бегалска криза. Поради тоа грчкиот премиер се подготвува за официјална посета на Анкара по вчерашните избори во Турција.
Ципрас оваа недела подготвува средба со градоначалниците и митрополитите на пет острови, кои се најсилно погодени од бегалската криза, Лезбос, Хиос, Кос, Самос и Лерос.
Во посета на Грција в среда и четврток ќе пристигне претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој заедно со грчкиот премиер ќе го посети островот Лезбос.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога