Грчкиот Парламент го усвои вториот пакет мерки неопходни за почеток на преговори со кредиторите

Грчкиот Парламент го усвои вториот пакет мерки за реформи, што беше условот за почнување преговори со меѓународните кредитори, соопштија светските агенции.
Законот предвидува измени во граѓанско-процесниот кодекс, насочени кон тешките и предолги процеси, мерки за продажба на тендери на недвижните имоти на должниците од хипотекарните кредити, како и интегрирање во грчкото законодавство во директивите на Европската унија за заздравување на финансиските институции.
Во иднина при банкарски крах првиот удар ќе биде врз акционерите.
Законот за банките повтроно ги гарантира депозитите до 100.000 евра, а вложувачите со активи над 100.000 ќе учествуваат во евентуалното рекапитализирање на финансиската институција што западнала во проблеми, исто како и акционерите.
Документот беше усвоен со 230 гласа „за“ и 63 „против“, а петмина гласаа воздражно и двајца отсуствуваа од работата на 300-члениот грчки Парламент.
Премиерот Алексис Ципрас беше принуден да смета на поддршката на проевропската опозиција по бунтот во неговата радикална партија СИРИЗА.
Признавајќи ги направените грешки, пред гласањето, Ципрас повторно пред пратениците ја изрази својата гордост од тоа што се борел за клучните интереси на Грција, на пример, за простување на долгот. Тој, исто така, посочи дека ќе се бори да се гарантира дека реформите да бидат што е можно поправедни.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
