Грчки сеизмолози велат дека не постои опасност, но повикуваат на подготвеност
Не постои никаква опасност за Грција, ниту за островот Лезбос, но ситуацијата се следи со големо внимание, изјави грчкиот професор Ефтимис Лекас за грчката државна агенција АНА-МПА, во врска со сеизмичката активност регистрирана во последните денови во регионот на Лезбос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во последните 24 часа се регистрирани три умерени земјотреси и десетици слаби потреси со епицентар северозападно од Лезбос во турските територијални води.
Лекас, кој е професор на Националниот универзитет во Атина, изјави дека феноменот „длабоко ја заинтересирал научната заедница, но сега за сега не предизвикува загриженост за островот“.
- Детално ја следиме сеизмичката активност, но сега за сега не се забележани никакви промени, рече Лекас.
Сепак, сеизмолозите ги повикаа локалните власти да бидат во состојба на готовност по земјотресот со јачина од 5,2 степени, според Рихтеровата скала, кој утрово го погоди Лезбос, со епицентар на 15 километри северно од селото Моливос.
- Сеизмичката динамика во областа во минатото има предизвикано земјотреси со интензитет од над 7 степени според Рихтеровата скала, изјави сеизмологот Герасимос Хулиарас, раководител на сеизмичките истражувања на Институтот за геодинамика во Атина.
Професорот на Аристотеловиот универзитет во Солун, Костас Папазакос изрази загриженост поради сеизмичката историја на регионот.
- Не се случува многу често да има последователни потреси од над 5 степени според Рихтеровата скала. Препорачливо би било властите да бидат во состојба на готовност, истакна тој за АНА-МПА.
Ново на Сител
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија