Грчки медиуми: Во Скопје ќе има референдум за името

За името ќе се одржи референдум, најави во интервју за Ројтерс министерот за надворешни работи на Македонија, во рамките на новиот обид на соседната земја да влезе во западните институции, јавуваат грчките медиуми, пренесувајќи дел од интервјуто на Никола Димитров за агенцијата.
„Во меѓувреме, ПЈРМ и Бугарија се договорија за текстот на договорот за пријателство чие потпишување има за цел да ги реши историските несогласувања кои предизвикуваа тензии. Затегнатите односи со својот голем источен сосед, со кој дели заеднички историски, културни и лингвистички врски, ги спречуваа и така замрзнатите напори на ПЈРМ за влез во НАТО и ЕУ. Сепак, клучниот проблем кој ги поткопува овие аспирации е отвореното прашање за името“, пишува „Катмерини“ и додава дека Димитров во интервјуто „ја повикал Атина на нов почеток со ПЈРМ“.
„Мојата порака во Атина беше дека во Македонија има нов почеток и затоа ве молам да размислите каков сосед сакате да имате. Ако сакате да имате европска демократија раководена од владеење на правото, сега е моментот да ни помогнете и можеби да ни допуштите да влеземе во НАТО под привремената референца. Тоа би значело инвестирање во подобра клима каде би било можно решавање и на најголемите проблеми“, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Димитров.
Во Грција се коментира дека шефот на македонската дипломатија бил „внимателен“ околу можниот одговор на Грција и истакнал дека не треба да се очекува брз напредок.
„Не мислам дека можеме да постигнеме нешто преку ноќ. Тоа ќе биде процес чекор по чекор“, објаснил Димитров, а пренесуваат грчките медиуми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
