Грчки медиуми: Бутарис соседната земја повторно ја нарече „Македонија“

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за време на посетата на Скопје повторно го употреби името „Македонија“, означувајќи ја соседната земја, коментираат денеска грчките медиуми.
Зборувајќи на англиски пред новинарите Бутарис по средбата со премиерот Зоран Заев, предложи следната средба на премиерите на Грција и „Македонија“ да се одржи во Солун, посочуваат грчките медиуми.
Потсетуваат дека Бутарис и за време на минатогодишната посета го употребил името Македонија во интервју за телевизиска станица.
Бутарис вчера престојуваше во Скопје во рамки на обидите за имплементирање мерки на доверба меѓу двете земји и при тоа оствари средби со премиерот Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Грчките медиуми денеска меѓу другото информираат и за средбата на посредникот на ОН во разговорите за прашањето на името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, која е закажана за 11 и 12 декември во Брисел.
Ново на Сител
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
