-->
-->
Грчката крајбрежна стража откри тела на удавени бегалци во Егејското Море
-->
Грчката крајбрежна стража утрово откри тела на удавени бегалци во Егејското Море. Источно од островот Фармакониси се удавиле шест деца и една жена, откако нивниот чамец потонал.
Првично биле откриени 40 бегалци, кои кажале дека осум лица исчезнале. На местото на инцидентот пристигнале припадници на Фронтекс и започнале потрага.
Малку подоцна девојче било спасено и биле откриени телата на седум удавени.
Од утрово властите во Грција почнале голема операција за спасување на исчезнати бегалци. Тие патувале со бротче кое потонало северно од островот Калолимнос. Досега биле спасени 26 бегалци и се извадени телата на пет лица.
Точниот број на имигрантите кои патувале не е прецизиран, некои тврдат дека биле 50, а некои сто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно