Грчката федерација на хотелиери: Хотелите не се, ниту ќе станат болници
Хотелите не се, ниту ќе станат болници, велат од Грчката федерација на хотелиери во писмото испратено до Министерството за туризам, во кое посочуваат неколку забелешки за протоколите за работа, а се однесуваат на деловите за соработката со лекар, работата на затворените базени во внатрешноста и организирањето конференции во самите хотели, јави дописничката на МИА од Атина.
-Сите ги знаеме предвидувањата и го следиме спроведувањето на здравствените протоколи во другите области на економската активност и не ги споменуваме нелегалните туристички објекти и краткорочните закупи бидејќи таму не постојат правила, ниту гледаме намера да се наметнат. Единствениот коментар што ќе го дадеме е дека хотелите не се, ниту ќе станат болници, пишуваат во писмото упатено до министерот за туризам на Грција Харис Теохарис и неговиот заменик Манос Консолас.
Со оглед на тоа дека согласно протоколите, туристичките објекти и хотелите мора да имаат соработка со лекар, од федерацијата велат дека добиваат поплаки од нивни членови дека или не можат да најдат достапен лекар или услугите се скапи и истакнуваат дека хотелиерите на клиентите им обезбедуваат сместување, угостителски услуги и сл, а не здравствени услуги.
-Друго е поради Ковид-19, нашите членови да се придржуваат до конкретни превентивни мерки, како што важи и за останатите бизниси, а друго е да им наметнеме товар што не е соодветен за нив. Пронаоѓањето, прегледот и третманот на пациенти со Ковид-19, не е и не треба да биде работа на хотелиерот од многу причини . Тоа е работа на јавните здравствени служби, пишуваат во писмото.
За базените, велат дека нема никаква логика да се забрани работата во внатрешните делови на хотелите од моментот веќе се отворени бањите и спа центрите.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени