Балкан
16. March 2017 - 12:55

Грчка анархистичка организација презеде одговорност за пакетот-бомба испратен до Шојбле

Грчката анархистичка терористичка организација Заговор на огнените јадра презеде одговорност за испратениот пакет-бомба до германското Министерство за финансии, наменет за министерот за финансии Волфганг Шојбле, објави атинскиот весник „Етнос“.

Во соопштение објавено на анархистички сајт, организацијата тврди дека тоа е втор нејзин акт. Таа предупредува дека „динамично ќе ги продолжи акциите“ против полициските истражувања и покрај апсењата на 60 нејзини членови, како и покрај тоа што фигурира на листата на терористички групации на Стејт департментот на САД и на Европол. 

Групацијата се огласува против социјалната апатија и против „мешањето на кредиторите во животот на Грците“ и се застапува за проширување на постоечката конспиративна мрежа од анархисти во десетици земји.